Бритни Спирс „ги запали“ социјалните мрежи: Се фотографираше целосно гола (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс ужива во слободата откако татко и’ беше лишен од старателството по 13 години, а на својот „Инстаграм“ постојано истакнуваше колку е среќна затоа што може сама да носи одлуки за својот живот.

Славејќи ја слободата, Бритни, последно, објави неколку фотографии на „Инстаграм“ на кои позира целосно гола.

„Енергијата на слободна жена, никогаш подобро чувство“, напиша пејачката во описот на објавата.

Нејзината фотографија собра повеќе од два милиони лајкови, а иако пејачката ја отфрли можноста да коментира, објавата на големо беше споделена на социјалните мрежи.

Бритни во последно време споделува фотографии на кои позира топлес или оскудно облечена, што неодамна ги загрижи обожавателите кои мислеа дека и треба помош.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

10.01.2022 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа