Бритни Спирс нема да настапува додека нејзиниот татко ѝ ја контролира кариерата

 

Рок-ѕвездата Бритни Спирс предупреди дека нема да настапува додека татко ѝ ја задржува контролата над нејзината кариера. Во емотивна објава на социјалните мрежи таа пишува дека конзерваторскиот надзор, под кој се наоѓа веќе 13 години, ги убил нејзините соништа.

Долгата објава на нејзиниот Инстаграм-профил во саботата, е најнова во низата емотивни коментари во јавноста среде битката да издејствува правна и финасиска слобода.

„Нема да настапам на која било сцена во скоро време со татко ми да контролира што облекувам, кажувам, правам или мислам“, напиша Бритни.

„Повеќе сакам да споделувам видеа од мојата дневна соба наместо на сцената во Вегас … Нема да ставам шминка и да пробам да пејам на сцена и, да не можам да направам вистинска работа со ремикси на моите песни,“ додаде таа.

Таткото на поп-sвездата, Џејми Спирс, има единствена контрола врз имотот на неговата ќерка вреден 60 милиони долари согласно таканаречениот конзерваторски надзор што му го додели судот во 2008 година.

Спирс веќе  назначи нов адвокат што ќе ја застапува во нејзиниот обид да се стави крај на таквиот надзор, што таа го опишува како насилен.

„Оваа конзерваторство ги уби моите соништа … така што сè што имам е надеж, а надежот е единственото нешто на овој свет што е многу тешко да се убие“, напиша таа во саботата.

Макфакс

19.07.2021 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега