Брод полн со патници удри во гребен во Хрватска

 

Катамаранот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.

Како што пренесува 24часа.хр, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.

Се додава дека во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.Патниците ги чека траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.

15.11.2024 - 22:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега