Бројките на новозаразени со коронавирусот постојано растат во Србија- експертите предупредуваат дека есента ќе биде неизвесна

Во изминатите 24 часа, во Србија биле тестирани 8.969 граѓани од кои биле регистрирани 228 новозаразени со коронавирусот.

Тројца пациенти починале, а во моментов има 11 пациенти на респиратор низ целата земја.

Ден претходно,беа тестирани 9.331 граѓани, а 228 од нив биле позитивни на ковид 19. Четворица пациенти починале, а имало десет пациенти на апарати за дишење.

Членот на кризниот штаб Предраг Кон предупреди денеска дека полнење на болниците е веќе започнато и дека Србија не може да чека четирицифрени броеви со истите мерки што се во сила во моментот.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, предупреди дека доволен број граѓани во Србија не се вакцинирани, па затоа нè очекува неизвесна есен.

- Граѓаните не ја искористија шансата да имаме 50 проценти од вакцинираните до јуни со цел да го продолжиме и забрзаме темпото на имунизација во текот на летото и да ја чекаат есента многу помирно - вели Шерлек.

Тој додаде дека со помалку од 50 проценти од вакцинираните, сигурно ќе имаме неизвесна есен и секако многу проблеми.

22.07.2021 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега