Брутански математичар пресмета: Сите честички на коронавирусот во светот може да се соберат во една лименка

 

Сите честички на вкоронавирусот кои во моментот кружат низ целиот свет може да се соберат во една лименка, пресмета британскиот математичар Кит Јејтс.

Според пресметките на тој научник од Универзитетот во Бату, во моментов кружат околу два квинтилион, односно две милијарди честички од коронавирусот, пренесува Sky News.

До таа бројка дојде комбинирајќи ги светските податоци за бројот на новоинфицирани и проценка на количината на вирус по лице, и врз основа на пресметка на големината на коронавирусот, во просек 100 нанометри, го пресмета вкупниот волумен на вирусот.

Според Sky News, неговата работа покажува колку големо уништување можат да предизвикаат минијатурни честички од вирусот.

Во светот, скоро 108 милиони луѓе биле заразени со вирусот од почетокот на пандемијата на короната, а 2,6 милиони починале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега