Брза и вкусна салата, послужете нешто ново на велигденската трпеза
Доколку се уште не сте одлучиле каква салата ќе имате на велигденската трпеза или сакате промена пробајте го овој рецепт. Редена, брза, едноставна и пред се многу вкусна.
Состојки:
250 гр. шунка
200 гр. пченка од конзерва
4 варени јајца
200 гр. маринирани печурки
150 гр. варен морков
100 гр. кашкавал
мајонез
Подготовка:
Исечете ја шунката на ленти и ставете ја најдолу во садот (може да користите и капал по желба). Одозгора покријте со мајонез. Следно ставете ја пченката, па повторно мајонез, изрендани варените јајца и одозгора мајонез. Следуваат печурките, слој мајонез, рендан морков, слој мајонез и последно рендан кашкавал.
Оставете во фрижидер еден час.
Послужете и уживајте во вкусовите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа