Брза реакција на ЦУК по пријавата за опасно навалени бандери во Ново Село

При пожарот на неколку куќи во струмичко Ново Село, во истоимената општина, уште додека траеше гаснењето на пожарот жителите го информираа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, дека има опасно навалени бандери, чиишто жици преку коишто се пренесува електрична енергија опасно се издолжени и претставуваат опасност за нови електрични искрења и пожари при нивно допирање кога има посилен ветар, известија од ЦУК.

„ЦУК соодветно ги извести надлежните во ЕВН, коишто интервенираа овие денови на терен, по што жителите испратија во ЦУК пораки за благодарност. Таквите повратни информации од сите коишто побарале помош и пријавиле опасност на дежурните во Секторот 112 и Секторот за операции и координација, а секако и на другите вработени им значат многу како соодветно признание за нивната работа.

Практично, таквиот „фит-бек“ – повратна информација од терен за успешно завршена работа по пријава и тоа директно од тие што пријавиле опасност или барале помош им значи многу на сите коишто работат во кои било институции и служби од Системот за управување со кризи. Исправувањето и на една обична крива бандера, поттикнува одговори, коишто ја „греат душата“ и на тие што прашуваат и на тие што „одговораат“, на многу неодговорени прашања коишто почнуваат со „- Има ли некој што ќе преземе дејство за да се исправат работите, па макар и искривена бандера“..“, стои во соопштението на ЦУК.

09.08.2024 - 08:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега