Брза реакција на полицијата: Уапсен крадец само еден ден по извршената кражба

 

Вчера во 09.40 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С.(35) од тетовско Долно Палчиште.

Тој се сомничи дека претходниот ден на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово извршил дрска кражба, при што на П.Ц.(32) од Тетово ѝ одзел чанта со пари и лични предмети. При преглед кај него биле пронајдени марихуана, ризла и украдените работи, кои подоцна биле вратени на оштетената П.Ц..

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

09.08.2024 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега