Бугарија иницира постапка за изградба на граничниот премин „Струмјани-Берово“

 Бугарската Влада донесе одлука да го задолжи регионалниот управник на Благоевград да иницира проектирање и изградба на граничниот премин „Струмјани-Берово“.

Како што јави Њуз.бг, изградбата на граничниот премин меѓу Берово и бугарската општина Струмјани е предвидена како стратешкиот проект во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Бугарија - Северна Македонија за периодот 2021-2027 година.

Согласно владината одлука, регионалниот управител на Благоевград, Стојан Христов треба да го спроведе проектирањето, изградбата и пуштањето во употреба на новиот граничен премин.

Со одлука на бугарската Влада кон крајот на декември минатата година буџетот наменет за изградба на граничниот премин „Струмајни-Берово“ беше зголемен од 20.000 на 111.000 евра.

23.02.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега