Бугарија: Во половина држава прогласена епидемија на грип

Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на грип.

Според податоците на Министерството за здравство и регионалните здравствени центри, во 12 региони на Бугарија се на сила антиепидемските мерки.

Бургас, Варна, Велико Трново, Габрово, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Софиско, Смолјан, Шумен и Јамбол се регионите во кои циркулираат грип А и грип Б.

Денес во Бургас ќе се одлучува дали ќе се прогласи одмор за сите ученици, поради појавата на грип со која веќе се зафатени 14 проценти од учениците.

Во Пловдив е веќе воведена онлајн настава.

Во Јамбол и Велико Трново се воведуваат привремени антиепидемиски мерки. Тие вклучуваат прекин на закажаните консултации на здрави трудници и деца, превентивни прегледи и задолжителни имунизации. Во училиштата и градинките се воведува дневен филтер.

 

30.01.2024 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега