Бугарскиот парламент едногласно ја усвои резолуцијата за Македонија: Нема да отстапиме ниту сантиметар од договореното
Бугарскиот парламент едногласно усвои нова резолуција за Македонија, официјална Софија порача - Нема да отстапиме ниту сантиметар од договореното.
Со 194 гласа ЗА, пратениците во народното собрание во Бугарија изгласаа документ каде стои дека се неприфатливи „сите обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од постигнатите договори “.
Со овој документ, бугарскиот парламент цврсто застана зад компромисот од јули 2022, а покрај уставните измени, се потенцира и говор на омраза кон Бугарите и се бара Македонија да го имплементира акцискиот план за заштита на малцинствата, заклучно преговарачката рамка.
Резолуцијата беше поднесена од пратеникот Тошко Јорданов од ИТН, а поддржана од сите пратеници.
- Целата истоија на Македонија е низа на грешки од страна на бугарската држава. - Тошко Јорданов ИТН.
- Всушност, нашата држава продолжува да се однесува вака: Ние сме кандидат за членка на Евопската Унија, а Македонија е членка. И спремни се да не блокираат во секој момент. - Костадин Костадинов Преродба.
- За Бугарија нема друг план. Она што е договорено, она што е подджано од сите европски држави е единственото нешто што отсега па натаму Република Северна Македонија треба да го исполни. - Драгомир Стојнев БСП - Обединета Левица.
Не отстапуваме, се си е напишано црно на бело - порача шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, веднаш по гласањето.
- Ги слушнавте и претседателот на Советот Антонио Кошта, сите тие рекоа едно - нема опција Б, нема план Б. Планот е еден - промена на уставот, исполнување на критериумите по кластери, за да може процесот да се движи. - Георг Георгиев МНР Бугарија.
По гласањето, Има Таков Народ - партијата која ја подготви резолуцијата, испрати порака до премиерот Мицкоски.
- Во име на цела Бугарија, на Мицкоски уште еднаш му порачувам, дека нема ни да ја помирисате Европската Унија со ваквото однесување. - Станислав Балабанов ИТН.
А Бојко Борисов лидерот на ГЕРБ, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, побара да се почитува договорот од 2017та и францускиот предлог.
- Разговарав и со Антонио Кошта, разговарав и со многу колеги, разговарав и со Манфред. Имаме договор за добрососедство и таканаречениот француски предлог и сите инстистираме да се почитува договорот за добрососедство. И какви било провокации што се прават не се во ничиј интерес. - Бојко Борисов ГЕРБ.
Резолуцијата се усвои на само една недела пред расправата на извештајот за напредокот на Макеоднија кон ЕУ, во Европарламентот. Ова е ставено како прва точка во мотивите на документот, кој се изгласа денеска во Софија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа