Царовска: Дуалното средно образование е можност за добро вработување

 

Во спортската сала на ОССУ „Коле Неделковски“ во Велес согласно со сите протоколи за заштита од КОВИД-19 денеска се одржа свеченост  за почеток на новата, втора  генерација на дуално образование по германски модел. Учениците учат и истовремено имаат практична настава, а по завршувањето на школувањето ќе може полесно  да си обезбедат работа.

Дуално образование се спроведува во компанииите „Брако“ и „Маркарт“, со поддршка на Германското стопанство во Република   Македонија и Министерството за образование и наука. Во оваа учебна година во ОССУ „Коле Неделковски“ се запишани 10 ученици и заедно со ланските вкупно се 17.

На свеченоста присуствуваа министерката за образоване Мила Царовски и Патрик Мартинс, директор на делегацијата на Германското стопанство во земјава.

Царовска во своето обраќање истакна целта им е како средното стручно образование да биде што повидливо, поквалитетно и што повеќе да ги подготвува учениците дирекно да се вклучат во работниот процес.

– Овој тип на дуално образование е комбинација меѓу образование во училница и образование дирекно на работно место во компании, навистина дава резултати. Се зголемува бројот на ученици коишто се запишуваат во средните стручни училишта кои практукуваат ваков модел на дуално образование. Од друга страна, компаниите се повеќе ја препознаваат потребата да бидат во тесна комуникација со училиштата, за заеднички да вложат во идниот кадар кој треба да се вработи во нивните компании, рече Царовска.

Наведе дека 220 ученици во земјава во моментов посетуваат дуално образование, од кои 85 се новозапишани во оваа учебна 2020/2021 година и нагласи дека радува фактот  што секоја година се повеќе ученици го избираат овој модел. Дуално образовение се реализира во седум училишта и во 12 компании во државата и, како што рече Царовска,  резултатите се видливи. МОН работи на регулација на посебен закон за средно стручно образование којшто ќе ги опфати сите модели на средно стручно образовение меѓу кои и  дуалното.  

Директорот на делегацијата на Гераманското стопанство во земјава Патрик Мартинс им посака успешна настава на учениците во дуалното образование по германски модел за  машински техничар за производно машинство.

-Искористете ги сите прилики што ви се укажуваат во компанијата, навлезете во производствениот процес и да се стекнете со практично знаење, а потоа ќе ви се отвори патот на вашите кариери за областа која ја изучувате, им порача Мартинс на учениците.

Искажа задоволство од досегашната соработка со компаниите и училиштата со кои се реализира дуалното образование и со подршката на МОН.

 Градоначалникот на Велес Аце Коцевски  истакна дека иднината на образованието во земјава е во средното стручно образование и, пред се, во дуалното образование затоа што, како што оцени,  компниите ќе добијат многу постручен, пообразован и поквалитетен кадар, а  по завршувањето на школувањето на овие ученици  нема да им биде потребно преквалификување за да најдат работа.

-Со ова дуално образование и квалификациите кои ќе ги стекнат, и побрзо, и полесно ќе можат да си најдат работа во компаниите во земјава, истакна Коцевски.

Тие потоа ја посетија и просторијата за обука на училиштето опремена од компанијата „Маркарт“, како и  компаниите „Брако“ и „Маркарт“  каде се изведува  практичната  настава, а на компаниските ментори  им врачија  AdA-сертификат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега