Целосен колапс во Италија
Екстремните временски услови предизвикаа големи штети во италијанската област Ломбардија, при што обилните врнежи предизвикаа поплави околу езерото Комо, додека торнадо ја погоди провинцијата Варезе, соборувајќи дрвја, затворајќи ги патиштата и прекинувајќи ги железничките услуги.
Разнесени дрвја и одрони ги затворија и патиштата во провинциите Леко, Сондрио, Бергамо и Бреша, пренесува Анса.
Во Милано, гром удри во електрични кутии во близина на метро станицата Кимијано, што предизвика прекин на услугите на дел од градската метро линија.
Научниците тврдат дека климатската криза предизвикана од емисиите на штетни гасови создава екстремни временски настани како топлотни бранови, суши, бури и поплави, кои стануваат се почести и поинтензивни.
Иако постојат многу извори на овие гасови, кои предизвикуваат глобално затоплување, главен двигател е согорувањето на фосилните горива како нафтата, гас и јагленот, чија продажба носи огромен профит за светските енергетски гиганти, наведува италијанската агенција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа