Цената на нафтата скокна по ескалацијата меѓу Израел и Иран

 

Цените на нафтата забележаа најголем дневен раст од 2022 година наваму, откако Израел нападна ирански нуклеарни и воени објекти, што предизвика потрес на глобалните пазари и стравувања од поширок регионален конфликт.

Американската нафта порасна за 7,26 отсто, достигнувајќи цена од приближно 72,98 долари за барел, додека Брент суровата нафта – глобалниот репер – се искачи за 7 проценти, на околу 74,23 долари. Во текот на денот, двата индекса бележеа скок од 14%, односно 13%.

Ова е најголем дневен раст на цените од март 2022 година, неколку недели по почетокот на руската инвазија на Украина, и најголем неделен пораст од октомври 2022 година.

– Фокусот на пазарите сега е насочен кон можната ескалација, изјави аналитичарот Џим Рид од Дојче банка.

Вечерва Иран возврати со лансирање на стотици балистички ракети кон Израел.

– Главниот канал низ кој оваа ескалација може да влијае врз глобалната економија е преку зголемување на цените на нафтата, наведуваат аналитичарите на „Капитал Економикс“.

13.06.2025 - 22:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега