Ценовен шок: Плинот никогаш не бил поскап

Цената на плинот драстично се зголемува. На 1 јуни годинава, плинот изнесувал 24 денари за литар, а сега во септември неговата цена достигна 39 денари. 

Авто-плинот не е под Регулаторната комисија за енергетика, неговата цена слободно ја формираат трговците и таа зависи од цената на суровата нафта на светскиот пазар, која што последните неколку месеци е во континуиран раст.

Во методологијата што е составен дел од Договорот за купопродажба на ОКТА не е предвидено РКЕ да ја определува цената на ЛПГ. Инаку, ЛПГ како прв продукт при производството на нафтата логично е да ја следи цената на нафтата на берзите.

„Претпоставуваме дека и трговците кои работат со ЛПГ ја следат цената на нафтата и го користат овој период да дојде до зголемување на малопродажната цената иако и нивниот влезен импут е зголемен, бидејќи цената на нафтата е во пораст на светските берзи“, информираат од Регулаторната Комисија за Енергетика.

Увозниците тврдат дека потрошувачката на плин е најголема кога доаѓа постудено време, бидејќи возилата во зимскиот период трошат многу повеќе.

23.09.2021 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега