Централна Турција погодена од силен земјотрес

 

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во централна Турција.

Епицентарот бил на 26 километри од Антакија, а земјотресот е регистриран на длабочина од 12 километри.

Засега нема информации за материјална штета.

Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.

„Тоа траеше околу неколку секунди, многу се тресеше“, наведуваат на страната ЕМСЦ.

05.06.2024 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега