„Чекам во редица место вас во Скопје, цената не е фиксна“- необичен оглас осамна на интернет

 

Чекам место вас во редица во Скопје, од 6 до 7.30 час, кога се отвараат шалтерите да ги предадете документите. Бидете мегу првите да си ја завршите својата работа.

Ваков оглас осамна деновиве и кај нас, на една страна за рекламирање.

Граѓанинот кој го објавил огласот е подготвен да чека во ред пред шалтерите за 500 денари, но не е наведено дали е за еден час чекање или целата услуга изнесува толку пари, а наведува и дека цената не е фиксна.

Дали се работи за шега или е сериозно проценете сами.

 

Во светот е позната ваквата пракса. Така во САД на оглас се пријавувале граѓани да чекаат во редица за тестирање против ковид, а не само по шалтери на банки и институции.

Лани во ноември во Њујорк стана тренд побогатите да плаќаат и по 80 долари на час, за некој друг да чека место нив ред за тестирање. Во овие редови стојат невработени, кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега