Чешкиот претседател во болница: Се повредил додека возел мотор

 

Чешкиот претседател Петр Павел е повреден додека возел мотор, но повредите не се сериозни, соопштија од неговиот кабинет.

„Претседателот е повреден додека возел мотор“, објавија од кабинетот на претседателот на платформата Х (Твитер), пренесе Ројтерс.

Според кабинетот, неговите повреди не се сериозни, но тој мора кратко да биде задржан на опсервација во болница.

23.05.2024 - 22:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега