Честитка од Сотировски по повод Божиќ: Мир, радост и многу љубов во секое срце кое празнува

 

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски по повод празникот Рождество Христово – Божиќ денеска испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, до свештенството, монаштвото и до верниците од православна вероисповед.

– Ваше Блаженство, почитуван верен македонски народе, чувствувајќи ја топлината, длабочината и значењето на воплотувањето на Бога преку Христовото рождество во овие возвишени мигови, Ви упатувам срдечни честитки засилени со моите искрени желби за мир, радост и многу љубов во секое срце кое денес празнува, во секој дом кој денес се собира во заедница за да го прослави Христовото Рождество, спасителната надеж на човековиот род, стои во честитката од Сотировски. 

05.01.2023 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега