Четири лица се уапсени на протестите на „Комунална хигиена“

 

Четири лица се приведени од кругот на „Комунална хигиена“. Вработените посочуваат дека дел од нив биле ангажирани со авторски договори повеќе од десет години. Директорката Косана Мазнева им ги раскинала. Тие во знак на револт дошле да бараат нејзина оставка. Бидејќи тие повеќе немале договор, менаџментот на Мазнева ѝ посочил на полицијата кои се тие, па биле приведени.

„Ништо не ни кажаа. Само ги зедоа луѓето, ги приведоа. Без никаква причина ги приведоа“, посочува вработен во „Комунална хигиена“.

Прашан дали тие се приведени бидејќи ја попречувале полицијата – вработените во „Комунална хигиена“ негираа.

„Избркан работник кој бил ангажиран преку авторска агенција, дошол зошто сака да се врати на работа. Го знам. Тој беше приведен“, објасни друг вработен во „Комунална хигиена“.

Претходно, двапати интервенираше и Брза помош, а едно лице е однесено во болница.

 

10.07.2023 - 00:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега