Четврорицата малолетници се свесни - биле надрогирани, но не пиеле алкохол

Четворицата малолетници кои вчера попладне во куќе во Козле, на патот кон Пантелејмон беа пронајдени во безсознание се во свесни, во подобрена здравена состојба и со стабилни витални параметри. 

Од Клиниката за Токсикологија за Прес24 појаснуваат дека во нивната крв е пронајдена дрога, но не и алкохол.

-Кај сите е докажано присуство на психоактивни супстанци. Не е докажано присуство на алкохол. Немаат посериозни повреди. Продолжува интензивното лечење и надзор на Универзитетската Клиника за токсикологија, вели директорот д-р Антон Чибишев. 

Четворицата малолетници на возраст од 14 до 17 години, две момчиња и две девојчиња биле пронајдени од страна на полициски службеници кои на терен излегле по пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Биле пронајдени во куќа на 40-годишник во населбата Козле, на патот кон Пантелејмон. Кога полицајците влегле, двајца од нив биле во безсознание, а според нивната пријава, констатирале дека тие користеле алкохол и психотропни супстанци. Известен и Јавен обвинител.

13.07.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега