Чистат по долна облека а мажите само гледаат: Ова не е сцена од филмови, ваква компанија навистина постои (ФОТО)

 

 

Секси жена која е скоро гола, само во долна облека од чипка ја чисти куќата и готви – звучи како почеток на филм за возрасни, нели?

За повеќето мажи секако. За сите оние кои ја сакаат оваа слика, добрата вест е дека тие и самите би можеле да уживаат во погледот на „секси домаќинки“, но под услов да повикаат професионална компанија за чистење на домови, наречена „The Naked Cleaning Company“.

Вработените во оваа компанија извршуваат задачи како чистење со правосмукалка, бришење прашина и површини, а во зависност од степенот на „голотија“ се движат и цените. Така, на пример, за еден час чистење во топлес, треба да одвоите околу 100 евра, а за целосно гол „чистач“ повеќе од 200 евра.

Компанијата нуди различни услуги за чистење, а чистачките се во долна облека, топлес или целосно голи. Ники Белтон (33) од Кент во Велика Британија ја основала оваа компанија и како што вели, бизнисот цветал за време на пандемијата на коронарниот вирус.

Секако, се почитуваат анти-епидемиолошките мерки, така што девојките чистат на безбедно растојание од клиентот од 2 метри, а Ники дури вели дека да бидат полуголи или целосно голи ги штити уште повеќе од вирусот. Таа цврсто верува дека ова е начин да се избегне короната и да биде „заробена“ во гардеробата и со тоа да ја зарази.

Иако Ники сега заработува големи суми пари, на почетокот не било така. Имало многу осуди и остри критики од општеството.

-Нашиот бизнис оди навистина добро, но секогаш оди рака под рака со хејтерите на социјалните мрежи. Ние само си ја работиме својата работа и нема ништо сексуално во тоа. Нашите чистачи не се сексуални објекти, тие си ја вршат својата работа“, посочува претприемачот и додава дека нивните услуги најчесто ги бараат мажите, а како што се покажало, особено оние кои се осамени.

-Мислам дека нашата работа е поважна сега од кога и да е, со оглед на моменталната состојба. Бизнисот оди многу добро, побарувачката за  за чистење расте. Секој се бори за време на пандемијата и се надеваме дека ќе помогнеме во расчистувањето на короната. Тука сме да помогнеме во чистењето на домовите на луѓето затоа што, сепак, сме професионални чистачи кои се таму за да ја завршат работата. Убаво е што постои некаков необичен сервис како овој после сето она што го поминавме последните неколку месеци – вели Ники, која посочува дека главното мото на нејзината компанија е зајакнување на жените, односно поттикнување на нивната самодоверба и љубов кон нивниот изглед.

-Не е важно како изгледа жената и колку килограми тежи, важно е да се прифати себеси како што е и да се чувствува пријатно во своето тело – вели Ники.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега