Чистка на Твитер: Отстранети стотина профили на кои се фалела Кина, а се критикувала Америка

Твитер соопшти дека отстранил стотина илјади профили поврзани со операцијата која го поддржува Пекинг, со која се шират пораки во корист на кинеската влада, меѓу кои се и оние за коронавирусот.

Според соопштението на компанијата, суспендирани се 23.750 профили, како и 150.000 „профили за зајакнување“, кои се користени да се зајакне содржината на основите профили.

Како што е наведено, мрежата била поврзана со претходна операција со која минатата година биле нападнати Твитер, Фејсбук и Јутјуб, а преку која е ширен „наратив за политичка динамика во Хонг Конг кој доведува до забдула“, пренесува Ројтерс.

Новата операција, според наводите на компанијата, исто така во голема мера се фокусирала на протестите во Хонг Конг, но ширела и пораки за коронавирусот, кинескиот милијардер  Гуо Венгујију и Тајван.

„Во пораките се фали кинескиот одговор на коронавирусот, но пандемијата е користена и за антагонизација на САД и активисти во Хонг Конг“, се наведува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега