„Чизкејк“ од тиква кој не се пече: Совршен десерт, едноставен и лесен- може да го приготват и почетници во кујната
Пита од тиква е прекрасен есенски десерт, полн и лесен за подготовка. Овој десерт често го „мешаат“ со чизкејк, а не мора ни да ја вклучувате релната.
Состојки:
250 грама крем сирење
250 грама варена тиква
100 грама кафеав шеќер
Половина лажичка цимет
Половина лажичка мелено оревче
300 милилитри шлаг
200 грама бисквити
8 лажици путер
Подготовка:
Исецкајте ги бисквитите во мешалка, и промешајте ги со стопениот путер. Притиснете ја добиената мешавина во калапот за пита и формирајте ја долната кора и рабовите. Ставете го во фрижидер да отстои и да се стврдне.
Изматете го крем сирењето и кафеавиот шеќер, додадете ја тиквата и зачините.
Изматете го шлагот и измешајте го со кремот од тиква. Сипете го добиениот фил на кората и чувајте сè заедно во фрижидер најмалку два часа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа