Човек тестирал една од најбезбедните земји во светот: Го оставил лаптопот во кафуле и си заминал

 

Алтин Саиди, тиктокер, јутјубер и новинар кој претходно работел во CNBC, често споделува интересни и едукативни содржини на своите профили на социјалните мрежи.
Неговите објави ги следат многу луѓе, а неодамнешно видео собра повеќе од 22 милиони прегледи.

Имено, Аптин спроведе интересен експеримент во една од најбезбедните земји во светот, Сингапур. Решил да го остави лаптопот на маса во кафуле и да оди на ручек. Сакал да провери дали некој ќе му го украде лаптопот или ќе го најде на местото каде што го оставил пред да оди на ручек.

„Оваа земја има една од најниските стапки на криминал во светот. Затоа, денес ќе го оставам мојот лаптоп во еден ‘Старбакс’ на еден час, не кажувајќи никому да го гледа“, објаснува Аптин.Тој спомна дека Сингапур го елиминирал криминалот и дека таму достигнале низа од 250 дена во кои не е забележан ниту еден вообичаен вид криминал.

„Тоа значи дека ничиј мобилен телефон не е украден повеќе од осум месеци во целата земја“, вели тој во видеото.

„Постојат три причини зошто Сингапур има ниска стапка на криминал: како прво – чесноста, почитта и правичноста се голем дел од културата овде“

„Второ, основните потреби се задоволени, така што луѓето не прибегнуваат кон криминал. Повеќето луѓе овде живеат прилично добро, економијата и владината програми го овозможуваат тоа. Никогаш нема да видите бездомник.“

„И трето е надзорот. Насекаде има камери кои штитат од криминал, а последиците за кражба се доста строги.“

Во моментот на пишување, видеото на поранешниот новинар собра над 20 милиони прегледи на „Тик-ток“и го привлече вниманието на неколку локални медиуми.

28.10.2022 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега