Чувајте маче, не сте свесни како тоа може да ви помогне

 

Ако би требало да наброите што ве прави поздрави, веројатно мачките не би ви ни паднале на памет. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека чувањето мачки има многу предности, па дури и кога станува збор за нашето здравје.

Истражувањето спроведено од страна на универзитетот во Минесота покажува дека луѓето кои немаат мачка имаат од 30 до 40 % повеќе шанси да заболат од кардиоваскуларни болести повеќе од оние кои чуваат мачка. Истото истражување не покажува сличен резултат кога станува збор за кучињата. Според истражувачите, само 15 до 30 минути дневно се доволни за подобрување на нашето здравје и расположение.

Ова се здравствените предности од чувањето мачка.

1.Го чуваат срцето

Поради својата мирна природа, мачките делуваат релаксирачки на луѓето и го намалуваат нивото на стрес. Тоа доведува до помал срцев напор.

2.Помагаат при поврзување

Резултатите на француските научници покажуваат дека луѓето кои чуваат мачки имаат силна концентрација на окситоцин, хормон кој се лачи кога сме окружени со пријатели и љубовни партнери со кои ни е убаво. Тој се ослободува преку допирот, па така галењето со мачките придонесува за лачење на овој хормон.

3.Подобар имунитет

Мачките често знаат да ги расположат своите сопственици. Без оглед на тоа што и да направат, тие им помагаат на луѓето да се чувствуваат добро. Според истражувањето на калифорнискиот универзитет Лома Линда, смеењето може да придонесе за подобар имунитет за дури 20 %.

4.Полесно дишеме покрај нив

Неколку нордиски истражувања покажуваат дека децата кои имаат мачки во својот дом, имаат помала шанса за респираторни алергии.

5.Помагаат против стресот

Тие се одлични за борба против стресот, по долгиот и напорен ден. Мачките ни даваат поддршка и ни го подобруваат расположението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега