Црна Гора ја забрани Нова Година

 

Од утре во Црна Гора стапуваат на сила нови мерки од Министерството за здравство за спречување на ширењето на корона вирусот во текот на новогодишните и божиќните празници.

Ќе важат до 11 јануари следната година.

Со новите мерки забрането е организирање на дочекот на Новата година на отворено и на затворено, соопштија од тој ресор.

Во текот на верските празници меѓу 24 и 25 декември, како и меѓу 5, 6 и 7 јануари, на граѓаните ќе им биде дозволено присуство во верските објекти под јасно дефинирани услови за престој во црквите и за време на верските обреди на отворено.

Забрането е и организирање на сите стручни и нестручни собири (семинари, конгреси и сл.) во периодот од 28 декември до 11 јануари, а исклучок се пријавените јавни собири до 25 лица, во траење до 60 минути, со задолжително почитување на сите епидемиолошки мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега