Црногорците полудеа: Три голи Украинки се разладуваа со пожарникарско црево среде улица- полицијата ги казни, но ова не им е првпат

 

Три девојки казнети минатата недела за голотија на автопатот Јаданска магистрала припаѓаат на таканаречениот „одред на задникот“. Девојките се Украинки, а ова не е нивна прва средба со полицијата.

Протече ново, поексплицитно видео од трите девојки кои,како од мајка родени, играат на Јадранскиот автопат и се разладуваат со пожарникарско црево на големо задоволство на сите кои се најдоа таму.

Сепак, ова не е прва средба со полицијата за овие девојки, имено, тие неодамна завршија во затвор откако со уште десетина други колеги се снимаа голи на терасата на облакодер во Дубаи.

 

Сега направија скандал и во Црна Гора. Прво, голи прошетаа околу Котор, а потоа беа снимени голи на Јадранскиот автопат. Потоа го зеле цревото од пожарникарите и се полевале со вода сред улица.

Дијана Оксаниќ (19), Руслана Ковкова (21) и Викторија Рохалчук ​​(21) се снимени голи во Црна Гора, а набрзо биле уапсени и казнети со по 450 евра.

Девојките кренаа прашина со фотографија пред финалето на Европското првенство. Со знамето на Англија насликано на задникот тие им дадоа поддршка, пренесува 24сата.хр.

Тие го прекршија законот во Дубаи

Заедно со други девојки, нивниот организатор, американскиот плејбој Виталиј Гречин (41), беа уапсени и во Дубаи. Тој на социјалните мрежи напиша дека платил 20 девојки да патуваат од Русија во Дубаи за да направат гол едиторијал.

Дубаи, голотија, жени

- Не направив ништо лошо, само се забавувавме, но секако дека ми е жал. Ме чинеше еден месец од мојот живот, а замислете само колкави беа судските и патните трошоци. Затоа плачам - напиша Грецин.

Кој е Виталиј Гречин?

Грецин е бизнисмен и поранешен американски војник.

Според „Сан“, 1998-2005 година. Работел за американската армија како преведувач. Потоа отпатувал за Украина и таму отвори компанија за финансии.

Подоцнаја продал на милијардерот Олег Бојко. Тој исто така беше голем донатор во кампањата на Обама.

Денес тој патува низ светот и со задоволство ги споделува своите авантури на социјалните мрежи, а со себе секогаш носи десетина привлечни девојки.

15.07.2021 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега