Црногорските специјалци упаднале во станот на погрешен маж, па го малтретирале пред сопругата и малолетните деца
Службеници на Специјалното полициско одделение (СЈО) на Црна Гора упаднале во станот на цетинскиот ракометен судија Богдан Калуѓеровиќ бидејќи на влезната врата, каде што живее со сопругата и двете малолетни деца, го пишувало неговото презиме, а го барале Ненад Калуѓеровиќ.
Во потрага по Ненад (Нен) Калуѓеровиќ полицијата влегла во погрешен стан и направила грешка. Калуѓеровиќ беше поврзан со елиминацијата на масовниот убиец Вук Бориловиќ, кој уби 10 лица во населбата Медовина во Цетиње, а потоа беше ликвидиран.
„Утринава, во 6.45 часот, по тропање, ја отворив вратата по што полицајците влегоа во станот и почнаа да ме малтретираат во присуство на моите малолетни деца и мојата сопруга“, потврди Богдан Калуѓеровиќ за Радио Цетиње додавајќи дека против полицискиот службеник ќе поднесе кривична пријава.
Калуѓеровиќ во моментот на давањето на изјавата бил на лекар со своите деца, кои страдале од стрес, пренесува „Вјести“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа