ЦУК бара намалување на истекот на Козјак и Матка за спречување на поплави во Зелениково и Велес
Вечерва, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Зелениково и Велешко од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково.
„Тоа се реализираше преку Секторот за операции и координација на Центарот за управување со кризи до раководните претставници на диспечерски центар на ЕЛЕМ и ЕСМ подружници ХЕЦ Козјак и Матка преку нивно информирање и барање до нив за да пристапат со контролирано производство на електрична енергија и оптимално, а што помало испуштање, на водата од браните „Козјак“ и „Матка“.
Тоа барање е со цел да не дојде до поголеми штети, а со тоа и до загрозување на живот на луѓето коишто живеат во реонот на поплави или се наоѓаат во непосредна близина, а и да нема штети од поплави по нивните материјални добра“, велат од ЦУК за Прес24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа