ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите

 

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска" кај  популано именуваниот реон ,,Млечен ресторан".

Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили. Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило" за да го отстранат паднатото дрво од улицата. Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера.

Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

17.04.2025 - 19:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега