ЦУК: Заробен возач во заглавен камион меѓу паднати дрвја на патот помеѓу Росоман и Прилеп

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.

Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него како очевидец кажува дека возачот на камионот е заробен во камионот. Инаку, јавувачот беше известен дека ТППЕ Кавадарци дека имаат екипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упатат на местото.

Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со 1 ПП возило и 2 пожарникари веќе се упатени на местото на настанот.

27.06.2024 - 22:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега