Цвеќе кое мора да го имате во домот - привлекува среќа, а се верува дека само еден лист потопен во вино носи долг живот

 

Хризантемата, како растение кое потекнува од Кина и е најраспространето во Азија, се смета за цвеќе кое има моќ да привлече среќа - барем така веруваат древните култури од Далечниот исток.

Доколку би прашале некој жител на Азија за хризантемата, тој би потврдил дека таа е симбол на нешто позитивно, но за разлика од азиските земји, на другата страна од светот таа важи за цвет на смртта и поради тоа често во многу европски земји е „резервирана“ за погреби. 

Австралијците им подаруваат хризантеми на своите најблиски како знак на почит и љубов, а во Америка овој цвет е познат симбол на радоста. Во Европа, хризантемата се нарекува и „есенска роза“.

Интересно е верувањето кое потекнува од Истокот дека едно ливче од цветот на хризантема во чаша вино може да обезбеди долг и здрав живот, а од сето наведено не е тешко да се заклучи дека овој цвет е симбол на долг и безгрижен живот и е еден од најмоќните и најубави симболи на оптимизмот.

Доколку сте во можност, внесете малку од нивната позитивна енергија и во вашата градина, бидејќи не само што ќе донесе среќа во вашиот живот, туку исто така ќе направи вашата градина да изгледа поживописно и разнобојно.

Цветот е оригинално во златно-жолта боја, но денес во светот постојат илјадници различни видови и бои кои имаат посебно значење:

Бела хризантема – се поврзува со вистината, јасните мисли и исправните одлуки. Најчесто е присутна во просториите за медитација.

Црвена хризантема – знак на љубов и нагласени страсти.

Виолетова хризантема – покажува отменост и благородност.

Сина хризантема – со себе носи смиреност и инспирација.

Портокалова хризантема – знак на топлина и напредок.

Жолта хризантема – како најтажен симбол, носи знак за невозвратена љубов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега