Цвет со необична убавина: Се верува дека носи богатство, ја впива негативната енергија и го штити домот од зло
Антуриумот е познат и како фламинго-цвет бидејќи со својот изглед потсетува на оваа птица, а го викаат и пламенец поради огнената боја на цветот.
Оваа многу декоративна и типична тропска билка потекнува од топлите краеви на Средна Америка.
Антуриумот е еден од најпопуларните тропски цветови и може долго да издржи во вазна – околу шест недели, па дури и повеќе, во зависност од годишното време и сортата.
Домородците од Хаваи сметале дека антуриумот е магична билка која штити од лоши духови додека според древната кинеска филозофија спаѓа во значајно фенг шуи цвеќе. Имено, ова учење истакнува дека антуриумот ги отстранува негативните мисли и ги насочува во вистински правец.
Со други зборови, позитивно влијае врз психата и го враќа доброто расположение.
Поради способноста да ја впива негативната енергија, антуриумот развива љубов и ги чува добрите односи во семејството, а особено се препорачува за паровите чиј брак западнал во монотонија бидејќи може да им помогне да ги освежат чувствата и да ја направат врската повторно возбудлива.
Антуриумот привлекува богатство, но постои еден услов - за да дејствува, во домот мора да живеат добри, чесни и пристојни луѓе; во спротивно, не само што нема да донесе пари туку и самата билка ќе се исуши и ќе пропадне.
Привлечните „восочни“ цветови со срцевидна форма во интензивна црвена боја внесуваат доза на егзотика во секој простор, па затоа не е ни чудно што оваа зимзелена билка за многумина е прекрасен декоративен детаљ. Антуриумот е билка што постојано цути и може да цути со месеци.
Понекогаш се многу тешки, па нивните стебленца мора да се потпрат за да изгледаат поубаво. Можат да достигнат вистина и до 75 центиметри со темнозелени тврди, кожести и сјајни листови кои се големи околу 30 центиметри.
На оваа билка ѝ треба многу сончева светлина, но не директна. Исто така бара и многу влага, односно редовно полевање – секој трет ден во текот на летото, а зимно време доволно е еднаш неделно. Многу е важно и периодичното оросување на листовите со зовриена или отстоена вода. Притоа, внимавајте да не ги намокрите цветовите.
Антуриумот е отровен!
Иако антуриумот го красат прекрасни цветови кои можат да го разубавуваат просторот со месеци, оваа билка е отровна. Доколку случајно се внесе во организмот, може да доведе до изгореници во дигестивниот систем, болни отоци на слузницата, па и до гушење.
Повеќето симптоми на труење исчезнуваат по извесно време, но сепак препорачливо е да ја чувате надвор од дофат на деца и домашни миленици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа