Цветков: СДСМ им нуди бесплатна правна помош на сите оштетени од грубата партизација на ВМРО-ДПМНЕ

Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација, рече на денешната прес-конференција на Борче Цветков, пратеник на СДСМ.

Она што се случува се незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања, истакна Цветков.

„Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел и на раководни позиции.

Спротивно на законските норми се случуваат распределби и назначувња на неколку нивоа подоле.

Еклатантен пример е случајот со поранешниот диркетор на БЈБ кој е симнат за 10 тина нивоа подоле на ниво на самостоен инспектор во полициска станица.
Ова се случува и во други институции.

Има бројни примери и на отпуштања, после веќе завршени огласи за вработувања на нови кадри, неопходни за работа на институциите, незаконски се наоѓаат начини да не се реализираат.
Нема место за професионалците во партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ќе ги заштити обезправените од грубиот процес на партизација што сака да го наметне ВМРО-ДПМНЕ.

Правен тим од неколкумина правници и адвокати на СДСМ партијата бесплатно ги става на расплагање на сите на коишто им е потребна.

Секоја среда, во 18.00 часот, во седиштето на партијата, сите може да дојдат и да добијат бесплатна правна помош и бесплатно застапување пред надлежните органи“, посочи Цветков.

Цветков нагласи дека правниот тим на СДСМ е подготвен да поднесе кривчна пријава за сите основани случаи за кои постојат докази.

„Вратите на СДСМ се отворени. Заедно ќе се спротивставиме на партизацијата и прекршувањето на законите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ во институциите“, рече Цветков.

17.07.2024 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега