Д-р Бранимир Несторовиќ: Нека ми ја земат лиценцата, дури тогаш ќе можам да кажам што сакам

 

Веќе ми здодеа целата приказна. Секоја година некој сака да ми ја земе лиценцата. Па нека ми ја земат, јас сум во пензија. Но кога ќе ја земат, дури тогаш ќе зборувам што сакам. Е, тогаш што?

Вака за Курир.рс професор д-р Бранимир Несторовиќ, пулмолог и поранешен член на Кризниот штаб на Србија за борба против Ковид 19 ексклузивно ја искоментира одлуката на поедини лекари од здружението на „Обединети против ковид“ во Лекарската комора на Белград да го пријават поради наводни повреди на етичкиот кодекс.

-Прво во таа група на Обединети против Ковид познавам многу луѓе и тие сигурно не потпишале такво нешто. Втоа, тоа е една досадна и глупава приказна. Повикав луѓе од тоа здружение да одредат еден до двајца луѓе да седнеме пред камери и на националниот програм да видиме кој што мисли за тоа. Да се тужи некој поради стручно мислење, посебно сега кога излезе истражувањето од Стенфорд, за најголемата есветска епидемиологија, дека затворањето и ограничувањето на движењето немаат никакво влијание на епидемијата е целосна бесмислица - вели д-р Несторовиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега