"Дај пари за ќерка ти да не лежи затвор" - Внимавајте да не наседнете на оваа измама

 

Шеесет и пет годишна штипјанка вчера во Полициската станица во Штип пријавила обид за измама за изнуда на пари за сообраќајна несреќа во која нејзината ќерка прегазила мигрант.

Во соопштението од СВР-Штип се вели дека вчера во 17.30 часот во ПСОН Штип, 65-годишна жена од Штип пријавила дека околу 15 часот телефонски и се јавило лице, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати 40.000 евра.

Но, како што се наведува во соопштението штипјанката се посомневала во вистинитоста на кажаното и дошла во ПСОНШтип и го пријавила настанот. 

04.04.2025 - 10:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега