Далај Лама: Среќните луѓе никогаш не го слават својот роденден и не им придаваат значење на празниците
Зборовите на Далај Лама се проткаени со мудри совети и насоки како да живеете едноставно, среќно и со леснотија, а ова е неговиот став за празниците и родендените:
„Не славам родендени. Ми се чини дека тоа е губење време. За мене тој ден не се разликува од останатите. На некој начин, секој ден е роденден. Се будите наутро, сè е свежо и ново, а главно е новиот ден да ви донесе нешто важно.
До денес, луѓето ја задржале таа навика за секој празник да имаат една мисија, а тоа е да ги импресионираат другите. На пример, младите мајки се натпреваруваат во тоа која најдобро ќе го прослави роденденот на своите деца. И секоја се обидува да ја надмине другата. Аниматори, ресторани, скапи подароци... На детето ваквата екстраваганција не му е потребна, но родителите се задоволни. Постојат луѓе кои секој ден јадат тестенини и инстант храна додека за празниците уживаат во вкусни и квалитетни оброци.
За другите и вистински среќни луѓе - секој ден е празник. А овој ден не се одликува со вкусна храна, гласна музика и слобода од омразената работа. Лежи во фактот дека секој ден е радост. Сегашниот момент е нешто најдрагоцено и највредно што го поседувате - тој е во нашето срце, во душата, во умот. Затоа не чекајте „специјални“ денови, туку живејте радосно во секој момент од вашиот живот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа