Дали смеете да вежбате ако имате проширени вени: Д-р Јоциќ даде одговор и ја рзреши дилемата

 

Не е тајна дека редовната физичка активност е добра за срцето и белите дробови и дека помага во контролата на високиот крвен притисок и дијабетесот. Меѓутоа, малку се зборува за примената на физичката активност кај проширените вени.Васкуларнио хирург д-р Дарио Јоциќ откри дали луѓето со проширени вени треба да бидат физички активни и кои облици на вежбање се најдобри за нив.

-Присуството на проширени вени не исклучува примена на физичка активност. Напротив, физичката активност помага да се намали болката и отекувањето на нозете. Најдобри вежби за луѓето со проширени вени се оние со ниско оптеретување. Тие вежби стимулираат циркулација и помагаат крвта да се врати во срцето. Одењето, лесното трчање, возењето велосипед, водените спортови и слично, помагаат во подобрување на циркулацијата и ги олеснуваат тегобите - објаснува д-р Јоциќ.

Според него, вежбањето го зајакнува крвотокот и спречува промени во венските ѕидови.

-Лекарите препочаруваат физичка активност, од 20 до 30 минути секој ден, затоа што тоа допринесува за здравјето на целокупниот организам. Токму физичката активност може да ја успори појавата на проширени вени така и развојот на самата болест. Мора да се нагласи, дека вежбањето не би требало да биде премногу напорно. Доколку дојде до болка или непријатност, потребно е пациентот да покрене активност и после периодот на одмор да се прилагоди на вежбање според можностите.

30.09.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега