Данела Арсовска упадна на прес-конференцијата на разрешениот Перински
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ненајавена, се појави пред „Водовод“ велејќи дека дошла да види во кое својство разрешениот директор Златко Перински држи прес во службените простории кога веќе не е директор.
Перински ја покани градоначалничката да присуствува на прес-конференцијата, на која ги отфли како паушални и неосновани сите нејзините обвинувања.
Причина за раздорот е проектот за пречистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра.
Таа истакна дека постапката ќе продолжи, ќе има нов директор на Водовод и во никој случај нема да дозволи злоупотреби, нетранспарентност, а градот или граѓаните да бидат оштетени.
-Парите нема да пропаднат. За овој проект си има договор и ние ќе ги спроведуваме насоките кои што ги има во тој договор. Во секој еден проект кој е од овој обем и од оваа големина нормално е да има предизвици, тука се соочуваме со предизвик кој ќе се обидеме да го надминеме и во секој еден случај нема да дозволиме да нешто кое е од исклучително значење за градот Скопје да пропадне. Меѓутоа постапката ќе биде транспарентна и мора да се води сметка за она што Градот Скопје како една од засегнатите страни во целиот овој процес нема да биде ниту злоупотребен ниту оштетен, вели Арсовска.
Таа напоемена дека во ниту еден момент не била информирана за постпаките кои ги превземало претпријатието.
-Јас не знам која е другата фирма, ниту за нешто во овој процес сум информирана. Сè што знам е дека Град Скопје е држен во темница, рече Арсовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа