Даравелски само ќе се прошета до Идризово - му застарело делото за издржување на казната

 

На поранешниот функционер и бегалец од правдата Драган Даравелски, кој денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, му застареле делата и најверојатно брзо ќе биде ослободен од затвор, што практично значи дека само ќе се прошета до Идризово, пренесува Плусинфо повикувајќи се на доброупатени извори.

Изворите велат дека Даравелски решил да влезе во Македонија откако преку неговите адвокати се уверил дека неговите дела се застарени и не може да биде задржан на издржување на затоврската казна која му е досудена во 2007 година.

По неговото денешно апсење ќе бидат потребни само неколку денови за тоа официјално да биде констатирано, по што тој ќе биде слободен граѓанин, велат изворите на Плусинфо.

Поранешниот функционер и бизнисмен Драган Даравелски, кој со години беше азилант во Белград, откако беше осуден во отсуство, денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце и однесен во затворот Идризово на отслужување на затворската казна.

10.01.2023 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега