Дебелите луѓе ја прават оваа грешка и затоа се дебелеат: Несторовиќ сподели совет

Организмот сака да бидеме дебели. Имаме милион начини како да натрупаме масти, а ни еден ефикасен начин да се решиме од нив. Затоа е страшно тешко да се држи диета, постојано сте гладни, незадоволни и депресивни. За тоа малку се зборува. Природата фаворизира дебелина. Имаме докази дека оние кои се гојазни се многу повитални, вели проф. др Бранимир Несторовиќ.

Тој наведува дека пред неколку месеци излегол научен труд во кој ја испитувале смртноста на пациентите кои биле оперирани и дека се испоставило дека умерено гојазните луѓе два пати помалку умираат после тешки кардиохируршки операции од слабите, затоа што природата предвидела да бидеме малку подебели поради терморегулација, да одржуваме одбра тежина.

„Ако сакате навистина да избегнете штетни ефекти од гојазноста, тоа е навистина лесно, прво не внесувајте голем број калории. Треба да се земат квалитетни калории, протеински појадок, што повеќе овошје и зеленчук, да се држат строги диети е многу тешко“, вели докторот.

Според него гладувањето предизвикува депресија и многу е тешко да се избегнува храна, но постојат алтернативи, а една од едноставните и најефикасните е хроно диетата.

„Тоа е нормална исхрана во текот на денот, после 6 часот навечер ништо или само чај незасладен. Последниве неколку години многу популарен е тој дводневен пост, два пати неделно земате само 500 калории. Ако се знае дека на човекот дневно му требаат 2000 калории за нормално функционирање, тоа е баш елементарно. Овесната каша, неколку овошки, два пати неделно. Најважно е да се избегне ефектот на гладување, кога се фантазира за храна, сонувате храна и одеднаш пукнувате и го празните фрижидерот, се прејадувате“, советува Несторовиќ.

„Не е лошо на крајот од оброкот да изедете некои интегрални житарки затоа што е научно докажано постоењето на хормонот кој се вика ирисин, а токму житарките предизвикуваат синтеза на тој хормон кој го нормализира инсулинот, затоа што ние сме гладни од зголеменото ниво на инсулин, така што не е лошо на крајот од оброкот да се испие чаша вино и да се земат некои интегрални житарки“, заклучува Несторовиќ.

23.07.2021 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега