Деца во Пула биле најмени да продаваат дрога

 

Полицијата во Пула заврши кривична истрага против 36-годишна жена и 39-годишен маж поради сомнение дека сториле кривични дела криење докази и неовластено производство и тргување со дрога.

Според соопштението, тие се осомничени дека во април 2023 година во неколку наврати потплатиле дете да продава дрога во нивно име на подрачјето на Пула.

Исто така, се сомнева дека во април 2023 година на пет малолетници им биле понудени пари и скутер, физички да нападнат малолетничка за да не сведочи против 36-годишната жена во судска постапка.

При увид на лицата и куќата што ја користеле осомничените на подрачјето на Пула, кај 39-годишен маж е пронајдена помала количина на амфетамин, кој согласно Законот е пријавен за прекршок за злоупотреба на дрога.

Осомничениот двоец е уапсен на 29 ноември во утринските часови и денеска ќе биде спроведен во затворската единица на Истарската полиција, пренесуваат локални медиуми.

30.11.2023 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега