Децата на Токсикологија се во тешка состојба: Имаат од 14 до 17 години

Четворица малолетници попладнево во тешка здравствена состојба се примени на Клиниката за Токсикологија.

Малолетните лица кои се на возраст меѓу 14 и 17 години се хоспитализирани на Токсикологија, а истите биле донесени со пореметена свест и бројни повреди по телото, потврдува за Курир директорот на клиниката, Андон Чибишев.

Малолетниците се хоспитализирани и се преземени мерки за реанимација. Во моментов двајца од нив се на Токсикологија со подобрена општа состојба која оди кон подобро, додека другите двајца се во потешка состојба и се испратени на дополнителни иследувања кои треба да се анализираат, вели Чибишев за Курир.

Неофицијално, во организмот на малолетните лица била присутна поголема количина на лекови. Истите попладнево биле пронајдени во куќа во Скопје.

12.07.2024 - 20:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега