Дедо пукал во куче на соседот

На 20.05.2022 во 08.25 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул.„Малешевска“, К.В.(67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор.

Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор. Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

21.05.2022 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега