Дејвис: Среќен сум што се вратив во Вардар

 

Новиот тренер на РК Вардар, Давид Дејвис ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната со оние ракометари кои ги има на располагање.

Томовски, Талески, Мишевски, Георгиевски, Стоилов, Валчак, Чувара, Гаџа, Ѓукиќ се со своите репрезентации пред ЕУРО 2022.

„Среќен сум што се вратив во Вардар. Го познавам јазикот, играчите, семејството добро го знае градот и едноставно ова е како враќање во вториот дом. Тие беа тука многу години и лесно се прилагодуваат. Вардар е одличемн тим, има историја, има се. Останувам тука шест месеци, ќе дадам се од себе, па потоа ќе видиме како ќе биде „Ќе работам со мојот помошник, но засега имаме доста отсутни кои се со репрезентација. Но, ќе работиме и ќе тренираме. Верувам дека можеме да направиме и подобри резултати. Подготовките ќе бидат малку поразлични, ќе уживаме малку повеќе, но секако ќе работиме многу ракомет. Ќе сакам да го внесам мојот систем и ќе треба вредно и напорно тренирање. Но, ќе има многу ракомет, малку во вежбална и малку трчање. Секако најмногу ракомет. Остануваме цело време во Скопје.“– изјави Дејвис за клупскиот сајт.

 

10.01.2022 - 23:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега