Делегација на СДСМ положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во Скопје

СДСМ оддаде почит кон една од најзначајните личности на македонската и словенска писменост Свети Климент Охридски.

Партиска делегација предводена од заменик претседателката Сања Лукаревска, заедно со потпретседателот Стефан Богоев и потпретседателот на СДММ, Петар Петковски положија цвеќе и оддадоа почит на ликот и делото на Свети Климент Охридски.
 
СДСМ на своевиден начин го продолжува безвременското просветителско, обединувачко и духовно дело на Свети Климент Охридски, со активната заштита, промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во Европа и светот.
08.12.2023 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега