Делницата Велес-Градско утре ќе биде затворена за сообраќај од 9 часот
Поради поставување на заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско, утре ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 09:00 – 16:00 часот, извести АМСМ.
Од 08:00 ч.маг.пат А3 Македонска Каменица-Делчево кај с.Очипала мост на Цркенска река движењето ќе се одвива по 1 коловозна лента за сите видови возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа