Делови од Скопје утре без струја

Корисниците од викенд населбата Јане Сандански кон викенд населба Морани, на потегот од црквата кон населбата Јане Сандански во општина Студеничани утре од 8:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од село Глуво и дел од корисниците кај аеродромот Стенковец во општина Чучер Сандево.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

11.08.2024 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега