Демант на ЈП Водовод на текст на Прес24

 

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје утрово преку адвокат Трајче Арсов од Велес побара од Прес24 да се објави демант на текстот Полнете шишиња: Скопска населба останува без вода објавен вчера на Прес24.

Демантот го објавуваме во целост. 

„Во својство на полномошник на ЈП Водовод и канализација Скопје Ви се обраќаме поради следното:

Во врска текстот со наслов „Полнете шишиња: Скопска населба останува без вода“ објавен на 10.04.2025 година на интернет порталот press24.mk, кој е во сопственос тна Њу Медиа Комјуникејшн, истакнуваме демант поради следното:

Покрај тоа што насловот е сензационалистички, во текстот изнесени се неточни тврдења за факти дека „Скопска населба останува без вода“. Имено, станува збор за привремен прекин на водоснабдување на само една улица во должина од 200 метри во една скопска населба и нема простор за ширење паника.

Бараме демантот да биде објавен во рок од 48 часа, согласно чл.13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“ - стои во демантот

 

 

11.04.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега